Севиља немоќна во Памплона, Миовски резерва во ремито на Џирона кај Леганес

Фудбалерите на Осасуна во Памплона ја победи Севиља со 1-0, во рамки од 33. коло во шпанската Примера

Монотонијата на првото полувреме во 25. минута ја разби Рубен Гарсија, кој постигна фантастичен гол од слободен удар дијагонално од десната страна. Гостите од Андалузија седум минути подоцна наидоа на уште поголеми проблеми кога Лукебакио доби директен црвен картон поради неспортски фаул, по што Осасуна сигурно го доигра натпреварот и заслужено впиша важни три бода во трката за Европа.

За разлика од дуелот во Памплона во Леганес немаше победник, откако домашниот тим и Џирона ремизираа со по еден постигнат гол.

На полувреме мрежите мируваа, а на стартот од вториот дел Стуани донесе гостинска радост. Сепак, во втората минута од судиското надополнување Мунир ја погоди целта и на Леганес му донесе бод од овој натпревар (1-1). Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски целиот натпревар го преседе на клупата за резерви.