ВИДЕО: Севиља немоќна во Хетафе, остана на два бода од зоната за испаѓање!

Екипата на Севиља им се врати на навиките и одново покажа дека оваа сезона никако не може да фати ритам во Примера. Во предиграта на големото дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид со кое ќе биде затворено 26. коло во Примера, фудбалерите на Сампаоли загубија на гостувањето кај Хетафе (2-0) и останаа на само два бода од опасната зона за испаѓање.

Мечот во Хетафе започна со претпазлива игра на двете страни. Во првиот дел подобар противник на терен беше Севиља, со еден неуспешен посериозен обид за водство, додека во вториот дел домашниот тим се консолидира и со два гола стигна до „златни“ три бода.

Резултатот го отвори Мунир Ел Хадади во 50. минута, а во моментите кога се очекуваше крај на средбата, Унал во 95. минута стави точка на победата на својот тим.

Во следното коло во Примера противник на Севиља ќе биде Кадиз, тим кој исто така се бори за опстанок, а Хетафе ќе се сретне со Атлетик Билбао.

Состави

Pepe Bordalas

5-3-2

    Jose Luis Mendilibar

    5-4-1