ВИДЕО: Севиља на Сампаоли се избори за реми и ја прекина победничката серија на Билбао

Во третиот натпревар од саботната програма од осмото коло на шпанската Примера, Севиља на својот „Рамон Санчез Писхуан“ ремизираше со Атлетик Билбао 1-1 (1-0) и забележа еден од ретките позитивни резултати сезонава, со оглед на околностите и формата во која што игра гостинскиот тим.

  • Извештај од натпреварот:

По овој бод „црвено-белиот“ тим од Севиља е 17-ти со шест бода - еден повеќе од Еспањол и од зоната за испаѓање. Од друга страна, тимот од Баскија ја прекина серијата од три победи и сега е трет на табелата со 17 бода.

Севиља е во катастрофална форма од стартот на сезоната, а жртва на малиот број освоени бодови беше тренерот Хулен Лопетеги, кому управата на Андалузијците му врачи отказ пред неколку дена и за нов тренер го назначи Хорхе Сампаоли. 

Аргентинскиот стратег пред само два дена го презеде кормилото на поранешниот освојувач на Лигата на Европа и затоа овој бод може да се окарактеризира како успех за неговиот тим, без разлика што преку Торес поведе по само четири минути игра. Голот вреден бод за Атлетико Билбао го постигна Весга во 73. минута.

Состави

Jorge Sampaoli

4-3-3

    Ernesto Valverde

    4-2-3-1