Севиља на голем испит, во Андалузија гостува Атлетик Билбао

Сев

Севиља се вклучи во борбата за титулата, пред се благодарение на низата одлични резултати, но и на грешките на тимовите од врвот. Токму Атлетик Билбао значително ги зголеми шансите на Андалузијците да дојдат до сензација, со победата над Атлетико Мадрид во 32. коло. Сега, „лавовите“ од „Сан Мамеш“ ќе гостуваат кај „Санчез Писхуан“, пред тимот на Хулен Лопетеги, тоа е идеална можност да докаже дека е има кадар да стигне до тронот (понеделник, 21.00 часот).

Сите квоти на MOZZART за натпреварот Севиља - Атлетик Билбао >>>

„Рохибланкосите“ играат одлично во последно време, како да им се допадна елиминацијата од Лигата на шампионите, бидејќи оттогаш не знаат за поразот (седум победи и две нерешени средби). Во Примера забележаа пет триумфи, ги соборија Атлетико, Селта, Реал Сосиедад, Леванте и Гранада во последното коло, со што си обезбедија место во елитното натпреварување, но и се приближија до лидерот на само три бода. До крајот на сезоната имаат доста тежок распоред, средби со Реал, Валенсија, Виљареал и крај со Алавес, па затоа е јасно дека победата над Билбао е императив.

Атлетик, пак, сè уште има шанса да стигне до евроцена, но за да го достигне тоа мора да победи. Марселино откако дојде во тимот ги стегна редовите, го освои трофејот во Суперкупот, но исто така загуби во финалето на Купот на Кралот за тековната и минатата сезона од Барселона и Реал Сосиедад. Тимот од „Сан Мамеш“ се бори со повреди, што секако влијаеше на резултатите во Примера, но Баскијците докажаа дека можат да се справат со најсилните тимови во шампионатот, па нема сомнеж дека Севиља има тешка задача.

Средбата на овие екипи во првиот дел од сезоната, кога Билбао славеше на домашен терен (2-1), исто така, покажува дека Андалузијците ќе имаат проблеми. На дуелите помеѓу Атлетик и Севиља, по правило е неизвесно, на последните десет натпревари, Баскијците славеа во четири наврати, додека „рохибланкоси“ на пет (еден натпревар заврши нерешено), и само еднаш беа постигнати повеќе од три гола.