ВИДЕО: Севиља го претстави Мончи, а тој позираше со дресот на Антонио Пуерта

Рамон Родригез Вердехо, попознат како Мончи, се врати во Севиља и ја започна втората епизода како спортски директор на андалузискиот клуб. Тој официјално беше претставен од претседателот Кастро, а пред новинарите позираше со дресот на прерано починатиот Антонио Пуерта.

Имено, в петок на „Санчез Писхуан“ ќе се игра десеттото издание на „Трофејот Пуерта“, а на теренот ќе се сретнат Севиља и Шалке 04. Двете екипи ќе настапат без репрезентативците, кои во ФИФА терминот им се ставија на располагање на своите селекции.

  • Претставувањето на Мончи: 

  • Претставен дресот на Севиља за „Трофејот Пуерта“: 

50-годишниот Мончи ја одбра Севиља, а не Арсенал како што се очекуваше, а на промоцијата највпечатливи беа неговите зборови.

„Вториот дел од „Кум“ беше подобар од првиот“, алудираше на неговата втора етапа во клубот некогашниот голман на Севиља.

Мончи има тим скаути кои низ целиот свет пронаоѓаат таленти и по ефтина сума доаѓаат во тимот на спортскиот директор, за брзо потоа да „експлодираат“ и доживеат полна афирмација и валоризација.