ВИДЕО: Севиља го освои Сан Себастијан и остана во трка за титулата

По лошиот февруари и елиминацијата од Лигата на шампионите, Севиља еве веќе втор месеци игра одлично во Примера и уште не го кажала последниот збор во трката дури и за титулата. Ланскиот победник во Лига Европа славеше на незгодното гостување кај победникот на Купот, Реал Сосиедад со 1-2 (1-2), што е втора победа неделава на гостински терен, по онаа во Виго во понеделникот.

  • Реал Сосиедад - Севиља 1-2: 

Најголемите емоции во натпреварот се случија во првиот дел. Домаќините одлично отворија и со голот на Фернандез уште во петтата минута поведоа со 1-0. Како и против Селта, момците на Лопетеги беа приморани да реагираат по примен гол и пак Фернандо се покажа како каризматичен во клучната фаза од натпреварот. На средина од вториот дел Бразилецот постигна убав погодок за израмнување и враќање на психолошката предност кај гостите.

Само две минути подоцна, најдобриот клупски стрелец Јусуф Ен Незири го комплетираше пресвртот и донесе предност од 1-2 за гостите од Андалузија. Вториот дел исто така беше отворен, се редеа шанси пред двата гола, но резултатот не се промени.

На осум кола до крајот, Севиља се доближи на само еден бод до Барселона, а три до лидерот Атлетико Мадрид, но водечките три екипи имаат натпревар помалку во споредба со клубот од „Санчез Писхуан“.

Со голот на Барха и автоголот на Гонзалез, Осасуна го совлада Елче со 2-0 (1-0) и „заплови“ кон средината на табелата, за разлика од малиот клуб од Андалузија, кој се наоѓа во зоната која води во Сегунда