Севиља е негативен рекордер, шести пат во низа загуби Суперкуп

Фудбалерите на Севиља одиграа навистина храбро и добро во мечот за трофејот во Суперкупот на Европа, меѓутоа загубија од Манчестер Сити по пенали (5-4). Шпанците можеа да дојдат до победата, ама не реализираа неколку колосални шанси. 

Со овој пораз, тимот од Андалузија го продолжи негативниот рекорд. Имено, Севиља е екипа со најмногу порази во Суперкуп натпреварите. Шпанскиот колектив освои само еден трофеј, во премиерниот настап во 2006 година, а потоа со ред загуби шест финалиња. 

Севиља по освоениот Суперкуп, уште шест пати го крена трофејот во Лигата на Еврола/УЕФА Купот. Сепак, во натпреварите на европските победници, губеше од Милан во 2007, од Реал во 2014, 2016, 2017, од Барселона во 2016, Баерн ги порази во 2020 и сега од Сити. 

Состави

Пеп Гвардиола

4-2-3-1

    Francisco Javier Garcia Pimienta

    4-2-3-1