ВИДЕО: Севиља чекори кон Европа, Меса и Сарабија му пресудија на Алавес

Севиља

Фудбалерите на Севиља го добија директниот дуел со Алавес (2-0) за последното место кое води во Европа и стигнаа до големи три бода во рамки од 30. коло од Примера.

  • Извештај од натпреварот: 

Андалузијците постигнаа по еден погодок во секое полувреме и на рутински начин ја израдуваа публиката на „Рамон Санчез Писхуан“.

Роке Меса го отвори резултатот пред паузата за полувремето со прекрасен удар од далечина. Тоа ги ослободи домашните фудбалери кои од тој момент ја контролираа играта и успеаја да стигнат до втор погодок.

Пабло Сарабија, кој асистираше при водечкиот гол, со одличен удар по земја на десет минути до крајот го постави конечниот резултат.

Севиља се израмни со Валенсија, а сега е на само еден бод од четвртото место на кое моментално се наоѓа Хетафе.