Сетиен: Сонот да го тренирам Меси ми се оствари, ќе бидам одушевен ако ни се придружи и Нејмар

Искусниот стратег на Барселона, Кике Сетиен, нема ништо против од следната сезона во своите редови да го има и бразилскиот ас Нејмар. 

Најскапиот фудбалер на денешницата долго време се поврзува со враќање на „Камп Ноу“, а шпанскиот тренер не ја криеше својата желба дека посакува еден ден да му биде тренер и на Нејмар. 

„Би сакал да го трениран еден ден, тој е фудбалер од светска класа. Да бидам искрен, сонот да го тренирам Меси ми се оствари, но навистина би бил одушевен доколку би ја имал таа шанса да го тренирам и Нејмар“, вели Сетиен. 

Нејмар за сума од 222 милиони евра пред три години ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ.