Сетиен наскоро ќе биде историја, Барса со нов тренер во ЛШ?

Кике Сетиен, актуелниот предводник на Барселона, по ремито со Селта Виго е во незавидна позиција и наскоро ќе добие отказ, пишуваат медиумите од Шпанија.

Сетиен не ги оправда очекувањата, Барселона каска во битката за титулата со Реал Мадрид, а тимот игра далеку под нивото. Последните информации од Шпанија велат дека Сетиен наскоро ќе биде сменет, а веќе е позната и неговата замена.

Сетиен многу веројатно нема да ја води Барселона во Лигата на шампионите, туку честа ќе ја има тренерот на Б-тимот на каталонскиот гигант. Се работи за Гарсија Пимиента, 45-годишен стратег и некогашен шпански фудбалер. Барселона не сака да губи време, а доколку ја загуби титулата во Примера, сезоната ќе може да се оцени како неуспешна.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.