Сетиен доби неочекувана понуда да преземе бразилски гигант

Лошата епизода во Барселона е минато и искусниот шпански стручњак Кике Сетиен е пред нов ангажман. Во август годинава, откако Баерн славеше со 8-2 против Барса, Сетиен заработи отказ.

Бразилскиот Палмеирас покажал интерес да го доведе 62-годишниот тренер. Вандерлеи Луксембург доби отказ пред една недела поради лошите резулати и раководството на клубот сака да доведе тренер од Европа, 

Сетиен имаше одличен рејтинг пред да ја преземе Барселона и оствари одлични резултати со Бетис и Лас Палмас.

Палмеирас се бори за избори пласман во следното издание на Копа Либертадорес.