• Иван Димовски
Германскиот првак Баер Леверкузен во следниот простор ќе биде без својот најкреативен фудбалер Флориан Вирц.
Младата ѕвезда на „фармацевтите“ се повреди за време на дуелот на Германија против Холандија (1-0). Се работи за повреда на зглобот на ногата поради која Вирц одигра само полувреме против „лалињата“.
Тој ќе биде подложен на дополнителни медицински тестови и потоа ќе биде познато колку време ќе мора да паузира.
Викендов Баер Леверкузен ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт во Бундеслигата, а потоа следната седмица следи гостување кај Брест во Лигата на шампионите.