Серија Б е пред последните 90 минути – кој ќе игра во плеј-офот?

Едно од најтешките, но и најшармантните, второлигашки натпреварувања во Европа дојде до последните 90 минути. Последното коло од италијанската Серија Б ќе ни донесе одговори кој ќе учествува во плеј-офот за Серија А, кој ќе патува во баражот за опстанок, а кој ќе испадне во Трета лига. 

Од поодамна е познато дека Беневенто и Кротоне обезбедија директно учество во Серија А, а Порденоне и Специја се речиси сигурно во полуфиналето на плеј-офот, меѓутоа во последното коло ќе ги дознаеме последните четири патници кои ќе се борат за преостанатите две места во плеј-офот. Петтиот ќе се судри со осмиот, шестиот со седмиот, па потоа победниците во полуфиналето против четвртиот и третиот. Да, комплицирано е, но тоа е Серија Б. 

Сите очи ќе бидат вперени во дуелот ФросинонеПиза, кој ќе даде еден сигурен учесник во баражот. Во пресрет на последното коло, двете екипи имаат ист број бодови и ги заземаат седмата и осмата позиција на табелата. Победникот сигурно оди во плеј-офот, а на поразениот на врат му висат Салернитана и Емполи кои се фаворити во своите мечеви од последното коло.

>>> Погледнете ги сите квоти за мечот Фросиноне – Пиза

Фросиноне долго време важеше за еден од главните фаворити за директен влез во Серија А, затоа што е добро организиран клуб и располага со квалитетен тим, но сè пропадна во вода во финишот од сезоната. На последните 11 натпревари извојува само една победа, а тоа значеше крај на сите надежи за директен пласман. Сега, во воздух му виси и учеството во плеј-офот, бидејќи во последните две кола загуби од безгрижните Беневенто и Кротоне. Екипата која е предводена од Алесандро Неста на крај би можела да биде најголем губитник на сезоната, иако во својот ростер има неколку прволигашки фудбалери како што се Барди, Капуано, Аријауда, Дионизи, а го има и одличниот Чано. 

>>> Погледнете ги сите квоти за Серија Б

На другата страна пак, Пиза во својот тим речиси и да нема некое позвучно име, но има шест победи на последните десет кола и игра во одлична форма. Тренерот Данџело го извлече максимумот од овој тим и пласманот во плеј-офот би бил над сите очекувања. Од играчите на Пиза, вреди да се спомене „најпознатата брада“ на италијанскиот фудбал, неуништливиот 40-годишник Давиде Москардели, кој е капитен и „џокер“ од клупата, но на овој дуел може да добие и шанса од првата минута.

Квалитетот е на страната на домаќините, но и притисокот и лошата атмосфера. Пиза нема што да изгуби.