Серија А веќе загуби половина милијарда евра...

Серија А

Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габреле Гравина, им соопшти на медиумите колкава е досегашната загуба поради пандемијата со коронавирусот.

Финансиската криза беше очекувана, со оглед на вонредната ситуација насекаде во светот, која на Серија А ѝ донесе загуба од 500 милиони евра.

„Доколку не продолжи Серија А, економската штета ќе биде неповратна за италијанскиот фудбал. Веќе загубивме 500 милиони евра. Треба да се заштитат 100.000 работници, 1,4 милиони членови на федерацијата и приходите од 4,7 милијарди. Почеток на поправање на кризата значи играње“, смета Гравина.

Најсилната лига на Апенините беше прекината на 9 март, кога Јувентус имаше само еден бод предност на врвот на табелата пред второпласираниот Лацио.

Најголемите оптимисти во Италија веруваат дека фудбалот ќе продолжи во средината на наредниот месец, поточно на 14 или 21 јуни.