Серија А распоред: Мечеви во нови термини, а фудбал – скоро секој ден!

Италијанската Серија А го одреди календарот и датумот на натпревари кои ќе следат за рестартот на сезоната.

Лигата предвидено е да се врати на малите екрани со мечеви на 20 и 21 јуни, со заостанатите натпревари од 25 коло. Веќе од 22 јуни ќе следат регуларните натпревари, а ќе се игра секој ден.

Интересно е што сите дуели ќе се играат во три нови термини: 17:15 часот, 19:30 часот и 21:45 часот. Причина се летните горештини и заштитата на играчите. Одредени се термините за вкупно 35 кола, а дополнително ќе се разговара за последните три и времето на одигрување.

Македонија има тројца фудбалери во најквалитетната италијанска фудбалска лига - Горан Пандев (Џенова), Ељиф Елмас (Наполи) и Илија Несторовски (Удинезе).

  • РАСПОРЕДОТ НА СЕРИЈА А: