Серија А ги избра најдобрите, Дибала на врвот меѓу италијанската елита

Dibala

По завршувањето на сезоната, Серија А денес ги објави имињата на најдобрите поединци по 38 одиграни кола.

За најдобар играч беше прогласен Пауло Дибала, најдобар напаѓач е Чиро Имобиле, а најдобар меѓу младите фудбалери е Дејан Кулушевски, кој блесна во дресот на Парма.

Војчех Шчесни е на врвот меѓу голманите, Стефан Де Вриј е најдобар дефанзивец, а Папу Гомез е предводник на играчите за врска.

На оваа листа немаше место за Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ, Лаутаро Мартинез, Ромелу Лукаку...