Серхио Рамос се враќа во Европа и ќе игра за еден од великаните!?

Серхио Рамос, една од најголемите фудбалски икони на модерната ера, е подготвен за уште едно големо поглавје во својата кариера. По разделбата со мексикански Монтереј, 39-годишниот дефанзивец активно работи на тоа да се врати на европската сцена, каде што и го изгради своето легендарно име.

Според информациите, најконкретен интерес покажува Милан, клуб кој во последните години бара искусни играчи што ќе донесат стабилност во тимот. Рамос е отворен за преговори и ја разгледува можноста токму „росонерите“ да бидат неговата следна дестинација.

Иако е на крајот од својата кариера, Рамос и понатаму верува дека може да настапува на највисоко ниво. Неговата главна мотивација е јасна: сака да ја задржи шансата за настап на Светското првенство во 2026 година. Свесен е дека само ако игра во конкурентна средина ќе остане на радарот на селекторот на Шпанија.

Доколку дојде до договор со Милан, тоа ќе биде нова страница во неговата богата кариера, во која остави длабокa трагa со Реал Мадрид, ПСЖ и шпанската репрезентација. Останува да се види дали италијанскиот гигант ќе биде клубот што ќе му овозможи уште една голема сцена, можеби и последната во европскиот фудбал.