• Мартин Танасковски

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос (38) е без тим откако го заврши престојот во Севиља. Имаше многу гласини за неговата иднина и сега од Бразил доаѓа нова гласина за иднината на централниот бек.
Како што открива поранешниот бразилски играч Едмундо, Серхио Рамос му бил понуден на тимот на Васко де Гама.
„Еден многу важен агент од Рио де Жанеиро, заедно со менаџерот на Марсело, дојде кај нас и го понуди Серхио Рамос. Почнавме да разговараме и дефанзивецот побара многу висока плата“, изјави Едмундо.
Поранешниот бразилски играч кој е една од легендите на Васко де Гама смета дека евентуално доаѓање на Рамос во клубот од Рио „би било фантастично“, но јасно стави до знаење дека „барањето е апсурдно“ од финансиска гледна точка.