• Зоран Мишевски

Еден од најбараните млади тренери во светот ја искажа сввојата верност кон Порто.
Тренерот на „змејовите“, Серхио Консеисао избра да остане во клубот и потпиша нов договор - до летото 2028 година. Тој е на кормилото на клубот од 2017 година и има освоено десет трофеи, меѓу кои и три титули на Португалија.
Неодамна имаше најави за интерес на Милан за него во услови на можно разделување со Стефано Пиоли на крајот од кампањата.
Пред една година Консеисао беше поврзуван со Наполи и Интер.