Серафимов: Зборувавме многу по Торшавн, ова се исклучително важни бодови

Никола Серафимов влезе од клупата за резерви во второто полувеме и успеа да ја затвори дефанзивата во дуелот во Ерменија, во кој Македонија славеше со 2-0 и дојде до првото место во групата од Лигата на нациите.

По мечот во Скопје, играчот на Фехервар кажа дека ова е исклучително важна победа за понатаму. Македонија сега е прва, па мора да се продолжи во исто темпо и во следните дуели и да се освои посакуваната лидерска позиција на крајот.

„Сите играчи го дадоа максимумот што се најдоа на теренот, но и на клупата, тука е и стручниот штаб. Зборувавме многу што треба да се промени по оној меч во Торшавн и ова е исклучително важна победа која ни го отвора патот за понатаму. Треба да продолжиме само така. Се виде и на минатиот меч со Фарски Острови дека нема фаворити предвреме, така што овој меч не треба да значи ништо. Оваа победа нека ни служи како стимул и се надевам дека работите ќе се променат брзо во добра полза“, изјави Серафимов.

По две одиграни кола Македонија е прва на табелата со четири бода, Ерменија е втора со три, исто толку има и Летонија, додека Фарски Острови е последен со само бод.

Состави

Благоја Милевски

3-4-3

    Олександар Петраков

    4-3-3