• Горан Упале
Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов заработи тешка повреда на раката за време на натпреварот меѓу Славија Софија и Левски, кој се одигра на стадионот „Александар Шаламанов“.
Дефанзивецот на Левски по повредата мораше да го напушти теренот, а поради сериозноста на ситуацијата веднаш беше пренесен во Воено-медицинската академија (ВМА) во Софија.
Таму Серафимов ќе подлежи на дополнителни лекарски прегледи, по кои ќе биде познато за каква повреда станува збор и колку долго ќе мора да паузира.
Повредата доаѓа во незгоден момент за македонскиот репрезентативец, кој е важен дел од националниот тим.

