Серафимов одигра врвно и се најде во тимот на колото во Унгарија

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов се најде во тимот на колото во унгарскиот фудбалски шампионат.

Серафимов, кој е член на МОЛ Фехервар, имаше извонреден викенд. Неговиот тим славеше со резултат 2-0 против Мезекевежд во чии редови настапува Давид Бабунски, а стоперот ја имаше најдобрата оценка поради врвната партија - 7,7.

Тоа му донесе и место во тимот на колото во унгарскиот шампионат. МОЛ Фехервар по 16 одиграни рунди се наоѓа на третото место на табелата и го чека борба за највисоките позиции до крајот.