• Мартин Танасковски
Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за претстојните натпревари кои ќе се одиграат во септемврискиот прозорец. Никола Серафимов, дефанзивецот на Левски од Софија смета дека треба да се фокусираме на мечот во Прага, а потоа со Лихтенштајн. Фаворити сме на хартија, но вели дека тоа во денешниот фудбал не важи.
„Првиот натпревар против Саудиска Арабија мислам дека ќе биде одлична можност да видиме во каква форма сме. Кога доаѓаме за настап во репрезентацијата сите доаѓаме со посебен мотив и желба, го даваме и последниот атом од силата. Мора да се фокусираме на мечот во Прага, а потоа со Лихтенштајн. Фаворити сме на хартија, но тоа во денешниот фудбал не важи. Кога однапред ќе ги запишете трите бодови тоа никогаш не е добро. Треба да влеземе како и на сите останати мечеви, ние како група и овој стручен штаб никогаш не сме потцениле никого, така ќе биде и овој пат. Трите бодови ни се и повеќе од неопходни.“
Мечот меѓу Саудиска Арабија се игра на 4. септември, во чешкиот град Прага, а потоа следи соочување со Лихтенштајн (7. септември, Национална арена „Тодор Проески“) од квалификациите за СП 2026.













