• Иван Димовски

Македонскиот репрезентативен стопер Никола Серафимов беше стрелец за Фехервар. Неговиот тим ја запиша втората сезонска победа во првенството на Унгарија, откако на свој терен со пресврт слави против Кишварда (3-1).
Откако гостинот поведе преку Камај, Серафимов донесе израмнување во 29. минута. Акцијата се одвиваше по одлично изведен аут, Калмар со глава му ја префрли топката на македонскиот стопер, а тој како врвен голгетер одлично се снајде и ја смести во мрежата за 1-1.
- Голот на Никола Серафимов за Фехервар:
Ова беше втор погодок за Серафимов во дресот на Фехервар, откако еден постигна и минатата сезона.
Во продолжението за Кишварда од клупата влезе поранешниот младински репрезентативец Марио Илиевски, меѓутоа не успеа да му помогне на својот тим. Фехервар преку Кодро и Флорес дојде до трите бода.