Серафимов: Италија и Англија се врвни, игравме со светски велесили

Фудбалерите на Македонија запишаа неверојатен резултат и ремизираа со една од најдобрите селекции на светот, Англија. Околу триесет илјади навивачи на Арената „Тодор Проески“ го проследија големото реми против „Гордиот Албион“. 

По натпреварот, македонските играчи беа видно расположени. Своето видување на овој добар резултат го изнесе дефанзивецот Никола Серафимов кој одигра меч од почетокот до крајот против Гордиот албион и ги сопре ѕвездите од Премиер лигата.

„Италијанците и Англичаните се едни од најдобрите играчи во светот. Денес бевме подобри во одбраната од претходниот дуел во Рим. Штета што повторно примивме гол од прекин, ни се случува по којзнае кој пат и тоа мора да го поправиме ако сакаме подобри резултати во иднина. Ова е позитивен резултат за нас против Англија и се надевам дека овој меч ќе ни биде водилка за понатаму. Имавме доста тешка група, игравме против светски велесили како Италија и Англија, тука е и Украина која беше до крајот во игра за ЕП 2024. Жалиме за оној меч со Украина во Скопје кој го загубивме по предност од 2-0.“, изјави Серафимов.

Македонија го заврши квалификацискиот циклус со осум бода, на претпоследното место. Сепак, светли точки во овие квалификации беа скопските ремија со фаворитите Англија и Италија.

Состави

Благоја Милевски

3-5-2

    Герет Саутгејт

    4-2-3-1