ВИДЕО: Серафимов даде првенец, МОЛ Фехервар загуби кај Ујпешт

Serafimov

Македонскиот интернационалец Никола Серафимов го постигна првенецот за екипата на МОЛ Фехервар.

23-годишникот скокна високо по еден корнер и ја заби топката во противничката мрежа. Сепак, неговата екипа на крај запиша пораз на оваа средба. Погодокот на македонскиот фудбалер може да го видите на следниот ЛИНК.

Серафимов потекнува од школата на Вардар, а е дел од унгарскиот шампионат од 2021 година.