ВИДЕО: Серафимов даде гол-првенец во дресот на Левски

Никола Серафимов го постигна својот првенец во новиот клуб Левски. Стоперот беше стрелец во победата на гости кај Хебар од 0-3 во рамките на Купот на Бугарија.

По само две минути игра македонскиот репрезентативец успеа да го отвори резултатот на оваа средба. Серафимов стрела по нафрлување од корнер кое го дочека на првата статива и ја испрати топката со глава во поблискиот агол.

За Серафимов ова беше втор настап во дресот на Левски, а веќе го постигна првиот гол. Македонецот се надева дека ќе фати ритам и ќе добие поголема минутажа по трансферот во Бугарија ова лето од Видеотон.