ФОТО: „Сер Боби“ со поддршка за фудбалерките на Македонија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија се подготвува за квалификациските предизвици кои следат, а имаше гостин за време на подготовките во Скопје.

Избраничките на Кирил Изов имаа средба со селекторот на А-репрезентацијата, Благоја Милевски. Предводникот на машкиот национален тим по големиот успех и настапот во баражот за СП 2022 им посака среќа и на фудбалерките во предизвиците кои следат. Женската репрезентација на Македонија ќе одигра два квалификациски натпревари во циклусот за Светското првенство кое во 2023 година ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд.

В петок на Арената „Тодор Проески“ доаѓа гигантот Англија, додека четири дена подоцна Македонките гостуваат во Луксембург.