Сензација во швајцарскиот Куп: Јанг Бојс доживеа елиминација од третолигаш!

Третолигашот Биел приреди голема сензација и се пласираше во финалето на Купот на Швајцарија, откако со 1-0 (0-0) го елиминираше фаворитот Јанг Бојс.

По 90 минути без голови, натпреварот влезе во продолженија, каде што Малко Сарторети во 99. минута погоди од пенал и му донесе историска победа на својот тим. Јанг Бојс пропушти неколку шанси да избегне поразот. Крис Бедиа имаше идеална можност за гол, но не успеа да реализира, а потоа во судиското продолжение му беше поништен погодок поради игра со рака.

Биел, кој настапува во третата швајцарска лига и е моментално втор на табелата, успешно издржа под голем притисок во последните минути и го оствари најголемиот успех во својата историја.

Во финалето, Биел ќе го чека подобриот од натпреварот помеѓу Базел и Лозана.