• Мартин Танасковски

Нема веќе непоразени екипи во Примера, затоа што Реал Мадрид доживеа пораз од Рајо Ваљекано (2-3) и така ѝ го препушти врвот на Барселона по 13 одиграни кола во шпанската фудбалска елита.
- Извештај од натпреварот:
Голема сензација приреди тимот во кој настапува македонскиот голман Столе Димитриевски, иако прими два гола од „кралскиот клуб“ кој е бранител на титулата во шпанскиот фудбал. Ова беше прв пораз за Анчелоти на шпанско тло, Рајо покажа дека кралскиот клуб е ранлив, посебно по напорната седмица во кои се играа дуели и во Лигата на шампионите и во лигата.
Првиот дел на натпреварот во Ваљекас понуди дури четири гола. Домаќинот уште во 5. минута поведе преку Комесана, а потоа фаворитот Реал Мадрид направи пресврт откако прво Модриќ погоди од пенал, па Милитао постигна и втор гол во 41. минута. Пред самиот финиш на првиот дел, Гарсија изедначи на 2-2.
Се играше 67. минута кога Карвахал играше со рака, а судиите со помош на ВАР покажаа на белата точка. Оскар Трехо го изведе пеналот, но Тибо Куртоа го одбрани, ама судијата наложи дека најстрогата казна мора да се повтори, па Трехо не погреши вторпат и донесе 3-2. Во самиот финиш Родриго го имаше промашувањето на мечот, кога го префрли цел гол. Играчот на „кралевите“ со овој потег стана трагичар на мечот.
- Промашувањето на Родриго:
Реал Мадрид две кола е без победа, а во следната рунда ќе му биде домаќин на Кадиз. Рајо е осми, во серија е од три победи, пет кола е без неуспех, следен дуел му е со Селта Виго пред својата публика.