ВИДЕО: Сензација во првото „О Класико“ сезонава - Порто слави на „Да Луж“

На големо изненадување на јавноста и спротивно од најавите, Порто ја совлада Бенфика на „Да Луж“ со 0-2 (0-1) во првото „О Класико“ на Примеира оваа сезона. Екипата на Серџо Консеисао се издигна по многубројните критики и ги победи во Португалија навидум непобедливите „орли“ од Лисабон.

Новиот миленик на „змејовите“ Зе Луис со прекрасен гол во 22. минута го отвори резултатот. Избраниците на Бруно Лаж станаа нервозни, а и често промашуваа. Казната стигна во самиот финиш кога Муса Марега ги постави финалните 0-2. 

Ова е прв пораз по подолг период за Бенфика во шампионатот, а комплетен приклучок за „змејовите“ по поразот од Жил Висенте во првото коло.

  • Извештај од натпреварот: 

Спортинг Лисабон на Стефан Ристовски утре гостува кај Портимонензе.