Сензација во Минхен: Баерн од Ајнтрахт загуби дома по – 30 МЕЧА! (ВИДЕО)

Екипата на Ајнтрахт Франкфурт ја приреди сензацијата на викендот во европскиот фудбал и славеше на гости кај актуелниот германски првак Баерн Минхен (1-2), со што по две години му го нанесе првиот домашен пораз.

  • Извештај од натпреварот:

„Баварците“ последен пат на својот стадион во Бундеслигата загубија во 2019 година. Поточно во месец ноември, кога триумфира Баер Леверкузен (1-2). По 30 натпревари и скоро две години тоа му успеа на Ајнтрахт Франкфурт.

Натпреварот не најавуваше таков епилог, затоа што Леон Горецка во 29. минута донесе предност за домашниот тим. Само неколку минути подоцна, Хитерегер изедначи на 1-1 и тоа беше резултатот на паузата, а шокот на „Алијанц“ го приреди Филип Костиќ на седум минути пред крајот.

За Баерн Минхен ова беше прв пораз во новата сезона од Бундеслигата. Ајнтрахт, пак, ја забележа првата победа и ја прекина низата на нерешени средби со резултат 1-1.

Состави

Јулијан Нагелсман

4-4-2

    Оливер Гласнер

    4-4-2