ВИДЕО: Сензација во ЛШ, маестралниот Бодо го сруши Сити!

Екипата на Бодо Глимт се избори за херојски триумф над Манчестер Сити и славеше со конечни 3-1 (2-0) во натпреварот од седмото коло во Лигата на шампионите. 

  • Извештај од натпреварот:

Норвешкиот првак одигра пеколно прво полувреме и дојде до двојна предност со двата брзи гола на Каспер Хог, кој биеше двапати за само три минути, а двоен асистент за овие погодоци беше Оле Бломберг. 

На паузата Бодо ја задржа позитивата од два гола, а потоа комплетно го сруши фаворитот од Премиер лигата, кога третпат ја затресе гостинската мрежа преку Јенс Хауге во 58. минута. Проблемите за Сити продолжија кога Шпанецот Родри доби два жолти картони и го остави својот тим на цедило, па „граѓаните“ едноставно повеќе немаа никакви шанси за „кам-бек“ во мечот. 

Домаќините до крајот рутински ја завршија работата и не дозоволија никакво изненадување, и покрај почесниот погодок за Англичаните, кој беше дело на Рајан Черки во 60. минута. За Бодо Глимт ова е само прва победа сезонава во елитата, но ги задржува теоретските шанси за евентуален пласман во плеј-офот. 

Манчестер Сити останува на тринаесет освоени бодови, а во следното коло ќе има добра шанса за „поправен испит“ против Галатасарај на домашен терен.