Сензација во Германија: Кил по пенали го исфрли Баерн од Купот! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Холштајн Кил го елиминираа најголемиот германски гигант Баерн Минхен од Купот на Германија, откако подобро изведуваа пенали и славеа со 6-5 (2-2). Иако баварската машина беше апсолутно подобра, правеше шанси и беше пред победа, прво Вахл израмни во 95. минута, а потоа Кил се одбрани и во екстра-времето. Мирните глави и посигурните шутери на второлигашот им донесоа пласман во полуфиналето, а таму за ривал ќе го имаат Дармштад.

  • Извештај од натпреварот:

Само 14 минути им беа потребни на Баварците да дојдат до предност на „Холштеин-Стадион“ во Кил. Гнабри стрелаше по асистенција на Милер. Сепак, овој погодок веројатно ќе беше поништен ако имаше ВАР технологија на натпреварот, бидејќи Германецот беше во недозволена позиција. 

Кил успеа да израмни пред полувремето. Ветеранот Фин Бартелс доби асистенција од Дем и реализира за 1-1 и огромна радост на домашниот табор. 

Радоста не траеше долго, бидејќи Лирој Сане успеа да ја врати предноста на Баварците по само три минути игра во второто полувреме. Крилниот фудбалер стрелаше за 1-2 од слободен удар и со тоа практично го успа натпреварот. По вториот гол Баерн одржа контрола и ја умртви играта. Иако сите очекуваа крај на натпреварот, течеше 95. минута кога Вахл погоди за продолженија. 

Баерн доминираше и во дополнителните триесет минути, имаше шанси, ама стигна до нов гол, па натпреварот премина во пенал серијата. Второлигашките фудбалери имаа „ладни глави“ и ги дадоа сите шест пенали кои ги шутираа, додека трагичар на Баерн беше Марк Рока, па Холштајн Кил се радува на пласман во наредната рунда и елиминација на најголемиот германски клуб.