• Зоран Мишевски
Вицешампионот Ленс, оствари историски успех и за првпат во својата историја го освои Суперкупот на Франција. Овој млад тим на домашен терен го совлада актуелниот шампион Пари Сен Жермен со 1-0 и ги израдува своите многубројни фанови.
Капитенот Флоријан Товен го постигна победничкиот погодок во 32. минута од натпреварот по асистенција на Матио Удол. Само седум минути по водството, дефанзивецот на Ленс, Килијан Антонио, доби директен црвен картон. Иако Ленс играше речиси педесет минути со играч помалку, успеа да ги издржи сите 22 шута на ѕвездите на ПСЖ. Голманот Робин Рисер блесна на голот со шест клучни одбрани
Нервозата кај парижаните кулминираше во 87. минута кога Нуно Мендеш доби директен црвен картон поради удар противнички фудбалер со лакт.
Новата сезона во Лига 1 почнува следниот викенд.



