• Зоран Мишевски

Интер сериозно го доведе во прашање своето учество во следното издание на Лигата на шампионите, откако вечерва во рамките на 30. коло од италијанската Серија А, неочекувано загуби од Монца со 0-1 (0-1).
Интер на последните пет натпревари во победи само еднаш и не е ни чудо што е петтопласиран на табелата, се подалеку од пласман во Лигата на шампионите. Додека игра одлично во Лигата на шампионите, каде донесе 0-2 од Лисабон против Бенфика по првиот осминафинален натпревар, тимот на Симоне Инзаги е целосно непрепознатлив во домашното првенство, каде има четири порази и едно реми на последните пет натпревари.
Монца изгледаше како добра можност да ја прекине таа негативна серија, но растеретените гости остварија голема победа. Дебитантот во Серија А стигна до три бода во 78. минута кога Калдриола со глава погоди, во центаршут на Чурија. Интер претходно создаде неколку можности, но не ги искористи. Посебно непрецизен беше Лукаку, кој повторно доби шанса од првата минута.
- Извештај од натпреварот:
Успесите во Европа го држат Симоне Инзаги на своето тренерско место, а во Серија А тимот од „сино-црната“ половина на Милано е непрепознатлив.