• Иван Димовски

Фудбалерите на Гамбија приредија сензација на Светското првенство до 20 години, кое се игра во Аргентина, откако во второто коло од групата Ф го совладаа големиот фаворит Франција (1-2).
Во интересен и содржаен натпревар „триколорите“ паднаа пред африканскиот противник кој веќе е во следната фаза на натпреварувањето. Од друга страна, Франција мора да победи во завршното коло за да остане во игра за плеј-офот.
Околу натпреварот, Гамбија успеа да поведе по тринаесет минути игра со автоголот на Зукру. Во вториот дел оваа селекција испушти шанса да ја удвои позитивата, бидејќи Саине не реализира пенал. Казната стигна во видот на израмнувачки погодок на Одоберт во 61. минута (1-1). Сепак, херој на Гамбија беше младиот напаѓач на Баерн Минхен, Мамин Санианг кој во 68. минута стрела за конечните 1-2.
Иако се играше и долго судиско продолжение, Гамбија успеа да ја одбрани позитивата и победата против фаворизираниот европски ривал.