• Зоран Мишевски
Според специјализираниот белгиски портал за фудбал „Voetbalnieuws“ фудбалерот на Работнички и повремен репрезентативец Мите Цикарски во следната сезона ќе го носи дресот на белгискиот Сент Труден.
Договор не е постигнат, но со голем дел од деталите околу истиот се согласни двете страни и се очекува следната недела бекот на дебармаалци да стане нов член на Сент Труден. Овој белгиски клуб од поодамна се распрашува и за Јован Костовски од Леувен.
23-годишниот фудбалер беше на подготовки со Работнички во Словенија и неизвесно е дали ќе настапи на двата натпревари со Будуќност во Лига Европа или претходно ќе замине за Белгија.