• Горан Упале
Фудбалерите на Сент Паули на свој терен извојуваа победа над Холштајн Кил со 3-1, во првиот натпревар од 12. коло на германската Бундеслига.
- Извештај од натпреварот:
Ова беше дуел на екипи од долниот дел на табелата, а клубот од Хамбург сега ја напушти опасната зона со десет бода и се наоѓа на 14. место. Холштајн Кил, пак, е претпоследен седумнаесетти, со само пет бода, и доколку продолжи вака тешко дека ќе успее и следната сезона да се натпреварува во елитата.
Домаќините поведоа во 25. минута преку Саљакас, а гостите во 45. минута добија пенал, но Арп не успеа да постигне гол. Сент Паули го удвои водството во 56. минута со голот на Ѓилавоѓи, а Егештајн во 85. минута зголеми на 3-0. Конечниот резултат го постави Харес во 91. минута.
Во следното коло Сент Паули гостува кај шампионот Баер Леверкузен, додека Холштајн Кил ќе се сретне со РБ Лајпциг.