ВИДЕО: Сент Паули без сили за изненадување, Леверкузен прв полуфиналист во Купот

Екипата на Баер Леверкузен е првиот патник во полуфиналето од Купот на Германија. Шампионот во Бундеслигата од пред две сезони не дозволи изненадување пред својата публика и против Сент Паули славеше со сигурни 3-0 (1-0).

Гостите половина час одолеваа на налетите на „фармацевтите“, но во 31. минута немаа решение за Териер, кој со својот прв погодок во Купот оваа сезона донесе радост на трибините и водство на Баер од 1-0. 

По нешто повеќе од еден час игра Патрик Шик зголеми на 2-0, а кога се очекуваше крај на средбата, Хофман на асистенција на Грималдо ги постави конечните 3-0. 

Утре ќе се одигра уште еден четвртфинален дуел, меѓу Холштајн Кил и Штутгарт, додека останатите два дуели се закажани за следната недела. Дербито го играат екипите на Баерн Минхен и РБ Лајпциг.