Сент-Етјен е првиот предизвик за Маурицио Почетино на клупата на ПСЖ

Зимската пауза пристигна, а Пари Сен Жермен сè уште ја нема „освоено титулата“. Во претходните сезони, случајот честопати беше таков што „светците“ веќе имаа огромна залиха на бодови во однос на нивните ривали во јануари. Оваа сезона, ситуацијата не е таква, парижани по 17 одиграни кола се трети во Лига 1, со бод зад Лион и Лил. Раководството на францускиот шампион не сакаше клубот да ја повтори сезоната 2016/2017, кога Монако ја презеде титулата, па цената ја плати тренерот Томас Тухел, кој доби отказ, а на негово место е именуван Маурицио Почетино.

Сите квоти за натпреварот меѓу Сент-Етјен и ПСЖ

Аргентинскиот стручњак на клупата на парискиот клуб треба да дебитира против Сент-Етјен. Се разбира, не треба да се очекува дека за десет дена Почетино ќе го воспостави својот систем и ќе ги спроведе идеите, но задачата е иста - победа. За да не дозволи водечките тимови да се оддалечат премногу, ПСЖ не смее да си дозволи нов кикс.

Квоти за останатите натпревари од Лига 1

Мечот со Сент-Етјен, иако би требало да биде дерби според бројот на освоени трофеи, далеку е од тоа. „Зелените“ веќе долго време не се конкуренти за тронот, претходната сезона ја завршија со борба за опстанок, а идентично сценарио може да ги чека и годинава. Сепак, скоро двомесечниот период без освоен бод во шампионатот беше прекинат на крајот на ноември и оттогаш тимот на Клод Пуел не знае за неуспех на шест врзани натпревари. Иако забележа пет ремија и само една победа. Традицијата сугерира дека оваа низа на Сент Етјен може да биде прекината. Десеткратниот шампион на Франција не славел против Париз од крајот на 2012 година. Во тој период, „светците“ победија на 16 од 22 натпревари, обично со три или повеќе голови на натпреварот.