Сениорите не менуваат град, втората најслаба европска селекција доаѓа во Скопје

Фудбалската репрезентација ќе ги продолжи активностите во квалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2026 година во септември.

Прв предизвик ќе биде Лихтенштајн, една од најслабите светски селекции и аутсајдер во групата. Овој тим го имаме пречекано во Струмица претходно, но ФФМ нема да менува град сега - Скопје останува „базата“, а Арената „Тодор Проески“ домаќин на мечот.

Дуелот меѓу Македонија и Лихтенштајн се игра на 7 септември од 18:00 часот.