• Мартин Танасковски

Екипата на Брегалница од Штип по срамниот пораз од Каменица Саса (0-4) ќе има нов тренер, затоа што прекината е соработката со актуелниот.
Од клубот информираа дека Трајче Сенев е минато за штипјани. Соработката е раскината и на тренерот му посакаа среќа во иднина.
На следниот меч на Брегалница, на клупата ќе биде помошникот Ристе Наумов.
Брегалница Штип важи за еден од фаворитите за промоција во ПМФЛ, но тимот го загуби второто место и му го предаде на Башкими со лошиот старт на пролетната полусезона.
Наумов дебито на клупата на штипјани ќе го има против Вардарски на домашен терен.