Сенев: Очекувам интересна средба и победа над Слога

Сенев

Второлигашот Кит-Го Пехчево за време на викендот ќе игра на домашен терен и ќе ја пречека Слога Виница, која игра одлично на почетокот од сезоната.

Тренерот Трајче Сенев го најави дуелот со ривалот и покажа оптимизам за позитивен резултат.

„Против Слога ќе играме во комплетен состав. Во екипата се враќаат Давид Бошевски и Кире Трпчевски. Само ќе недостасува Оливер Христов, кој е повреден. Во нашата екипа играат осум младинци, но тие неделава добро тренираа и имаа тренинг натптревар со Брегалница. Тоа покажува дека формата на екипата е во нагорна линија. Очекувам интересна средба, но и победа, иако Слога ја почитуваме. Играме на домашен терен и тоа е предност за нас. Верувам дека ќе прикажеме добра игра, и како што споменав, да победиме“, вели предводникот на Кит-Го.

Слога е на третата позиција со 13 бода, а Кит-Го заостанува на петтото место со девет освоени бода по шест одиграни натпревари.