Сенев: Наше е да ѝ ветиме дека на секој натпревар ќе влегуваме максимално мотивирани

Во пресрет на почетокот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, Трајче Сенев, тренерот на Брегалница ги искажа своите очекувања од предизвиците кои ги очекува „сините“ во второлигашкото друштво. 

„Мораме да напоменеме уште на стартот дека 90% од екипата е составена од нови играчи кои дојдоа летово. Наше е да ѝ ветиме на публиката дека на секој натпревар ќе влегуваме максимално мотивирани и играчите ќе даваат 100% на теренот и секаде ќе одиме на победа. Ќе одиме чекор по чекор, со доза на внимателност пред секој следен натпревар и респект кон секој противник.

Костурот на тимот е дефиниран. Играчите се тие што ги имаме. Доколку се појави можност за да се доведе играч со екстра квалитет, со прволигашко досие, ќе го ангажираме“, рече искусниот стратег.

Брегалница во првото коло од сезоната ќе се сретне со тимот на Победа, некогаш беше дерби во елитата, а сега за први бодови во ВМФЛ.