Сенегалец прекрши процедура за допинг тест и ќе го пропушти Мундијалот

Репрезентативецот на Сенегал, Кеита Балде заработи суспензија која е на сила до петти декември, поради кршење на допинг правилата во Италија

Овие информации ги соопшти неговиот клуб Спартак Москва. Крилниот фудбалер ја прекршил процедурата за тестирање, неодговарајќи навремено на повикот на агенцијата. Иако тој бил негативен на тестот, Кеита ќе мора да одлежи суспензија поради кршењето на правилата. 

Поради тоа, селекцијата на Сенегал нема да може да смета на неговите услуги за првата фаза на Мундијалот во Катар. Тој би можел да игра дури по петти декември, ама за тоа Сенегалците ќе мора да се пласираат во нокаут рундата. Покрај тоа, Кеита Балде не смее ниту да тренира сè до 22 дена пред крајот на суспензијата, што е непосредно пред стартот на Светското првенство и многу веројатно тој нема ниту да биде повикан.