ВИДЕО: Сенегалците не покажаа респект и го нападнаа Салах на излегување од терен

Салах

Мохамед Салах промаши пенал во поразот на Египет против Сенегал, кој одлучуваше кој ќе патува на Мундијалот во Катар.

Првата ѕвезда на египетската репрезентација едвај го напушти теренот. На излегување многу навивачи трчаа кон него, а на самиот излез беше нападнат со шишиња и други предмети.

Сенегал вторпат во низа победи против Египет, по големиот триумф во финалето од Афричкиот Куп на нации.