Сенегалците горди: Ова е историски ден, можеме и подалеку од осминафинале

По осумгодишна пауза Африка пак ќе има осминафиналист на Светско првенство во фудбал. Откако во Русија ниту една африканска селекција не ја мина групата, Сенегал е првата која тоа го направи на Мундијалот во Катар. Победата над Еквадор со 2-1 на шампионите на „црниот“ континент им донесе дуел со Англија со огромен влог - место во четвртфиналето. 

Сенегалскиот фудбалер Папе Геј по победата на неговата селекција над Еквадор блескаше од среќа.

„Чувствувам голема гордост. Мислам дека сакавме да победиме повеќе од нив, милиони Сенегалци нè гледаат, моравме да дадеме сè од себе за овој дрес. Ова е историски успех, но остануваме фокусирани на продолжување на натпреварувањето. Ќе продолжиме со работата што нè донесе овде. Амбициозни сме, имаме цел, а тоа не е само осминафинале“, додаде Пап Геј.

Неговиот соиграч Идриса Гана Геј се согласи дека ова е голем ден за Сенегал.

„Ова е историски ден, Сенегал по вторпат е во осминафиналето на Светското првенство. Знам дека секогаш можам да сметам на тимот, на стручниот штаб. Ако одиграме како досега, можеме да се надеваме на нешто повеќе “, изјави Идриса Гана Геј. 

До денес единственото осминафинале Сенегал го обезбеди во Јужна Африка во 2002 година.

Состави

Феликс Санчез

4-1-4-1

    Алиу Сисе

    4-2-3-1