• Горан Упале
Фудбалската федерација на Сенегал одговори на одлуката на Африканската фудбалска конфедерација да ѝ биде одземена титулата шампион на Африка по хаотичните сцени во финалето против Мароко.
Сенегал објави дека ќе се жали за „неправедната, невидена досега и неприфатлива“ одлука за поништување на нивната победа на континенталното првенство.
На 18 јануари, Сенегал славеше во финалето со резултат од 1-0, по несекојдневните сцени во Рабат. Селекторот и репрезентативците на Сенегал го напуштија теренот во знак на протест поради пеналот досуден за Мароко, што предизвика немири на трибините. По 15-минутно доцнење, Сенегал се врати на теренот, Едуард Менди му го одбрани пеналот на Брахим Диаз, а Папе Геј го постигна победничкиот гол во продолжението.
Сепак, два месеци подоцна, АФК донесе одлука да му ја одземе титулата на Сенегал и да му ја додели на Мароко, кому му е впишана победа со службен резултат од 3-0. Сенегалците сега ќе се жалат до Арбитражниот суд за спорт (ЦАС).
