ВИДЕО: Сенегал го казни заспаниот Еквадор и слави осминафинале на СП!

Фудбалската репрезентација на Сенегал се пласираше во осминафиналето, откако заслужено го совлада Еквадор со 1-2 (0-1) во последното коло на Светското првенство. Пресметката на „Калифа“ во Доха понуди три погодоци, драма и добри шанси, а славеше подобрата селекција на теренот.

  • Извештај од натпреварот:

Уштет од самиот старт Еквадорците во натпреварот влегоа само со дефанзивни претензии. Иако немаа пораз на последните девет натпревари, избраниците на Алфаро едноставно влегоа да бранат ремии против африканскиот ривал, а тоа им се одби од глава. Првото полувреме мина во знакот на Сенегалците кои диктираа темпо, повеќе играа со топката и се закануваа. Најдобрите можности не ги користеа Идриса Геј и Булаје Диа во раната фаза, за потоа во финишот на полувремето Сенегал да добие пенал. Хинкапи влезе прегрубо и фаулираше, одговорноста ја презеде Исмаила Сар над кого и беше направен пеналот, па погоди за 0-1 во 44. минута

Веднаш на паузата Еквадор тргна со две измени, во игра влегоа Сармиенто и Груецо, а во следните 20 минути влезе и Реаско. Откако влегоа во продолжението поактивно, фудбалерите од Јужна Америка успеаја да дојдат до израмнувачки погодок. Течеше 68. минута кога Торес уфрли топка во шеснаесетникот, а таму Моизес Каиседо го матира Едуард Менди за 1-1

Сепак, еквадорската радост траеше само две минути, поточно до голот кој го даде Калиду Кулибали. Стоперот на Челзи одлично сочека топка на втората статива каде што беше осамен и ја смести во мрежата за 1-2. Еквадор тргна да притиска во финишот, кружеше околу шеснаесетникот на Сенегалците, меѓутоа немаше услови да се загрози голот на Менди. Африканците издржаа и на крајот се радуваа на второто место кое ги води во осминафиналето. 

Прва нокаут пречка за Холанѓаните од првото и Сенегалците од второто место ќе бидат селекциите од групата Б, односно Англија, Иран, САД или Велс. 

Состави

Sebastian Beccacece

4-1-4-1

    Алиу Сисе

    4-2-3-1